Latest Entries »

Италијанскиот репрезентативец Давиде Астори кој моментално е член на Каљари, се надева дека наскоро ќе се врати во Милан, каде што и ја започна кариерата.

Милан и Каљари поседуваат по 50% од сопственоста на Астори, но тој смета дека е спремен да му се приклучи на Милан и да му помогне на тимот во одбраната на титулата следната сезона.

„Чувствувам дека сум спремен за Милан. Најверојатно и Галијани сака да го компетира мојот трансфер во блиска иднина. Ова покажува дека Милан верува во мене и сметаат на мене за во иднина“.

„Дури и да не го откупат сега делот од договорот со Каљари, тоа не значи дека мојот сон да го носам дресот на Милан ќе заврши тука. Не е важно дали ќе се вратам во Милан сега или за пет години“, изјави Астори.

24-годишниот дефанзивец е продукт на младинската академија на Милан, но не заигра за првиот тим пред да премине во Каљари во 2008-та година.

Астори оваа сезона покажа одлични партии и беше еден од најдобрите дефанзивци во Серија А, со што дебитираше и за сениорската репрезентација на Италија на пријателскиот натпревар против Украина.

Тренерот Масимилиано Алегри добро ги познава квалитетите на Астори бидејќи со него работеше 2 години во Каљари, и за него изјави дека е најталентираниот италијански дефанзивец во моментов.

Меѓутоа проблемот е тоа што Милан има стандарден дефанзивен двоец воНеста и Тиаго Силва, а додатно ’росонерите’ ја засилија одбраната со доведувањето на Филипе Мексес.

Advertisements

Кака не си оди од Реал, според неговиот татко, но дали ќе биде принуден да го направи тоа?

Таткото на Кака, Бошко Леите во Понеделникот (вчера) беше во уште една посета на Милано и на Виа Турати.

Сепак сеуште не се знае дали упрвата на Милан има разговарано со Бошко Леите за Кака, но кога тој бил прашан за тоа, оговорил дека Кака останува во Реал Мадрид. “Мојот син останува во Реал Мадрид” – било се што рекол таткото на Кака. Доволно уверливо или не, сами проценете.

Се смета дека таткото на Кака бил во Милано поради раскинувањето на договорот помеѓу Милан и Дигао, помладиот брат на Кака. Освен Бошко Леите и Галијани, на состанокот биле присутни и тренерот на Милан, Алегри а и генералниот директор и скаут, Браида.

Таму се правеле планови и стратегии за овој летен преоден рок, и според Gazzeta dello Sport, целата управа одлучила дка најдобро решениe е да се стави и Кака на таа листа за желби, и покрај сите негативни одговори кои може да ги добијат. Затоа, тука е можеби најдобриот агент Мино Раиола, кој Милан планираат да го “запослат” за да ја заврши сета таа работа окулу Кака.

Но, иако бразилецот е решен да остане на Бернабе, управата на мадридскиот клуб не се сложува со тоа. Најверојатна причина поради тоа е преголемата плата кога Кака ја зема во Реал Мадрид и која изнесува окулу 10 милиони евра годишно.

Доколку Флорентино Перез успее да донесе еден од Агуеро или Пасоре во Реал, тогаш голема е можноста Кака да биде тој кој ќе се збогува.

Сега за сега, само едно е сигурно, Кака останува во Реал, но главното прашање е до кога…

Фабрегас во Милан, само сон или реалност?!

Фудбалскиот гигант Милан е блиску да направи сензационален трансфер, и во своите редови да го донесе капитенот на Арсенал, Цеск Фабрегас, пишуваат медиумите во Италија.

Според дел од италијанските медиуми, Фабрегас наводно имал состанок со раководството на Милан, и се согласил да премине во гигантот од Милано, а челните луѓе на ’росонерите’ веќе испратија официјална понуда до Арсенал.

Наводно Милан испратил понуда вредна 35 милиони евра, плус услугите на Холанѓанецот Емануелсон, и додатни бонуси кои ’топџиите’ ќе треба да ги добијат за својот капитен. Фабрегас на Сан Сиро ќе заработува 5,5 милиони евра, а ќе потпише договор во траење од 5 години.

Шпанецот притоа поставил услов да се почека уште некое време како ќе се одвиваат преговорите за негов трансфер во Барселона, бидејќи тоа било неговата прва желба, меѓутоа Каталонците во моментов се разидуваат со Арсанал во висината на отштетата.

Гвардиола во моментов го посочил Џузепе Роси како приоритет и во текот на наредните денови италијанскиот напаѓач би требало да биде и официјлно играч на Барселона за 30 милиони евра.

Фабрегас веќе две години константно се поврзува со трансфер во Барселона, но по се изгледа почна да го губи трпението и доколу двата клуба за брзо време не најдат решение, многу е веројатно тој да се пресели во Милано, пишуваат медиумите блиски на клубот на Берлускони.

Се разбира, оваа информација засега останува непотврдена.

Милан пред извесно време соопшти дека Антонио Касано останува на „Сан Сиро“, но медиумите од Апенините пишуваат дека Милан и Фиорентина можат да ги разменат Касано и Монтоливо.

По доаѓањето од Сампдорија Касано голем дел од натпреварите ги започна од клупа, но сепак имаше забележителен удел во освојувањето на 18 Скудето на росонерите.

Сепак, оваа размена би им одговаралz и на двете екипи. Монтоливо не ја крие желбата да го напушти Артемио Франки, тврдејќи дека нема веќе мотив да настапува во Фиорентина, додека пак кога Касано е во прашање сите добро знаеме дека може се да се очекува.

Вицел се сложил на договор со Милан…

Додека италијанските медиуми веќе го искучија Вицел од трка за Господинот Икс на Милан, белгиските го кажуваат спротивното.

Според Footgoal, Росоњерите и Вицел веќе склучиле договорор, со кој Вицел ќе се пресели во Милан на четири години.

Сагата за трансферот на Вицел конечно ќе биде решена за неколку денови.

Footgoal инсистираат дека играчот од средниот ред на Стандард се има договорено со Милан, кој е биде приврзан за Милан на четири години.

Сега се останува на Милан и на Стандард да се договорат окулу финансиите, но со помош на добрите односи помеѓу двата клуба, се смета дека и тоа ќе биде набрзо решено.

Милан спрема понуда за Швајнштајгер, кој одговара на описот на Господинот Икс на Милан…

На Мирослав Клосе, кој пред некој ден и се придружи на Серија А, може да му се придружи уште еден “баварец” а воедно и германски репрезентативец.

Според Corriere dello Sport, Милан е спремен да се обиде да го доведе 26-годишниот игач од средниот ред на Баерн Минхен.

Како што тие тврдат, Холанѓанецот кој во зимскиот преоден рок го напушти баварскиот клуб и ја проднајде среќата во Милан, Марк ван Бомел бил тој што го препорачал Швајнштајгер.

Управата на Милан смета дека германскиот репрезентативец, кој минатиот Декември во продолжи договорот со Баерн се до 2016 година, ќе можат да го донесат со вредност на транфсер од окулу 35-40 милиони евра.

Бастиан целата досегашна кариера ја има поминато во Баерн, каде дебитираше 2002 година, влегувајќи од клупата за резерви против Ленс, во рамките на Лигата на Шампиони.

Кака пак се враќа на врвот на желбите на Милан!

Но, за да се случи ова враќање, Милан ќе мора да помине 2 можеби наизглед лесни, но сепак тешки пречки. За да се врати “Блудниот син”, како што го нарекува Галијани, Милан ќе треба да најде начин како да се договори со Реал Мадрид за платата на Кака и за начинот на купување.

Првото, односно, годишната плата на Кака која во Реал изнесува 10 мил. евра, ќе мора да се намали ако и Кака се сложи на трансфер во Милан. Иако, тој се има сложено да намалување на пола плата од сегашната во Реал Мадрид, така да ова и нема да биде толку голем проблем.

Но сепак, оној воториот, или поточно начинот на кој Милан ќе се обиде да го врати Кака е потешкиот. Според Tuttosport, Милан е спремен да споведе уште една акција како она со Златан Ибрахимовиќ, да ја плати цената од 30 мил. евра која Реал ја бара за Кака, но да ја отплаќа во рок од 3 години, или поточно првата сезона Кака да дојде на позајмица со можност за откуп.

Малку е тешко дека на ова ќе се сложи тренерот на Реал Мадрид, Мурињо, но сепак ако го добие посакуваниот подарок од Перез, играчот на Атлетико Мадрид, Кун Агуеро, тогаш ќе мора да се збогува со Кака.

А ако тоа се случи, вратата на Милан за Кака е секогаш отворена…